Loryma Ingredients GmbH – нов принципал

Од почетокот на оваа година, PALCO е во можност да го надгради своето портфолио со производите од Loryma Ingredients GmbH.

Loryma Ingredients GmbH, дел од Crespel & Deiters Group, е производител на природни суровини кои се прочистени во високо функционални производи и системи за прехранбената индустрија, со акцент на текстурата, стабилноста и вкусот.

Да напоменеме само неколку: функционални системи за стабилизација на преливи и полнила, системи за поховање на длабоко смрзнати и свежи производи како риба, месо и пекарски производи, обивки за зеленчук и помфрит – и новиот тренд, вегетерјански концепт.

Сите PALCO технолози се интензивно обучени и веќе имаат посета на своите клиенти заедно со технолозите од Loryma во Хрватска, Србија и Словенија.